• среда, 17 јули 2024

Метрополитен операта нема да соработува со оперската дива Нетребко

Метрополитен операта нема да соработува со оперската дива Нетребко
Њујорк, 31 март 2022 (МИА) - Дури и откако Ана Нетребко изјави дека не ја поддржува политиката на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина, њујоршката Метрополитен опера соопшти оти, барем засега, сепак нема да ја продолжи соработката со руската дива. - Силно ја осудувам војната во Украина и моите мисли се со жртвите од војната и нивните семејства. Мојот став е јасен. Никогаш не сум била член на партија или поврзана со некој руски лидер, изјави руската оперска сопранистка Нетребко. Питер Гелб, директор на Метрополитен операта, се огласи по тој повод. - Дури и по читањето на изјавата на Ана, не сме подготвени да го промениме ставот, изјави Гелб. Тој додаде дека „ако Ана покаже дека сериозно, целосно и долгорочно се дистанцирала од Путин“, тогаш ќе биде подготвен за разговор.  си/ми/

Остани поврзан