• четврток, 21 ноември 2024

„Каналот на љубовта“ во Грција

„Каналот на љубовта“ во Грција

Крф, 16 јyли 2024 (МИА) - Грција има бројни романтични плажи, но едно место на островот Крф, според тамошната легенда, навистина гарантира среќа за вљубените или оние кои допрва ја бараат љубовта.

Живописниот „Канал на љубовта“, е познат низ Европа и светот, и како „место за поклонение“ за вљубените двојки кои сакаат да останат заедно засекогаш. Сместена на северот од островот, на околу 32 километри од главниот град Крф, плажата е извонредена со нејзините природно извајани карпи коишто се издигнуваат од двете страни, обликувајќи го овој природен канал што личи на скандинавски фјорд.

Според месното предание, парот кој ќе го преплива заедно каналот - ќе остане засекогаш заљубен, додека пак, оние кои сами ќе допливаат до најоддалечениот крај, наскоро ќе ја најдат љубовта на својот живот. Многу посетители, сепак, претпочитаат едноставно да фрлат паричка во водата и да си пожелат вистинска љубов, пишува „Грик репортер“.

Но, оваа плажа не „ја чува“ само љубовта, туку и здравјето - според мештаните жители, кои раскажуваат дека ова место може да се пофали и со лековити својства.

Во морето, имено се таложат наслаги од глина, за којашто мнозина веруваат дека ако со неа ги мачкаат телото и косата, тоа наводно ќе им донесе здравје. Или пак, просто, може да ја искористите оваа плажа, којашто е популарна од 1960-тите, за нуркање и спортови на вода.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан