• петок, 22 ноември 2024

Меси прв добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист и член на најдобрата репрезентација во истата година

Меси прв добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист и член на најдобрата репрезентација во истата година

Париз, 9 мај 2023 (МИА) - Лионел Меси освои две награди „Лауреус“ за една година.

Аргентинецот е прогласен за најдобар спортист на 2022 година, а репрезентацијата на Аргентина, во која тој е капитен, стана најдобар тим на годината. 

 

Во 2022 година, Меси стана светски шампион како дел од репрезентацијата на Аргентина. Во Катар одигра седум натпревари, постигна седум гола и три асистенции.

 

Ниту еден човек претходно сè уште не успеал да ги спои наградите во овие две категории во иста година.

Меѓу играчите, бразилскиот напаѓач Роналдо во 2003 година, дефанзивецот на Италија, Фабио Канаваро во 2007 година, шпанскиот играч за врска Андрес Иниеста во 2011 година, самиот Меси како играч на Барселона во 2012 година, и Килјан Мбапе од Франција во 2019 година и напаѓачот на Баерн Роберт Левандовски во 2021 година имаа слична можност. Кога нивните тимови беа прогласени за најдобри, сите беа номинирани за наградата за спортист на годината, но не победија. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан