• вторник, 05 ноември 2024

Меркел во вторник ќе се сретне со Тихановскаја

Меркел во вторник ќе се сретне со Тихановскаја
Берлин, 2 октомври 2020 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел во вторник ќе се сретне со лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, соопшти денеска портпаролот на германската Влада. Тихановскаја во вторникот во Вилнус се сретна со францускиот претседател Емануел Макро. Таа претходно рече дека за време на состанокот, Макрон и ветил помош во преговорите со белоруските власти за ослободување на политичките затвореници во таа земја. Тихановскаја беше една од кандидатите на контроверзните претседателски избори во Белорусија, одржани на 9 август, и ја напушти земјата и замина во Вилнус, откако долгогодишниот претседател Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите. Опозицијата во Белорусија не ги признава резултатите од изборите. паг/

Остани поврзан