• понеделник, 23 декември 2024

Мелодиите за телефон полека излегуваат од мода

Мелодиите за телефон полека излегуваат од мода
Лос Анџелес, 6 септември 2021 (МИА) - Тековни истражувања покажуваат дека мелодиите со кои ѕвонат телефоните, полека исчезнуваат. Преземањата на такви апликации се намалени за една четвртина последниве неколку години, според „Сензор тауер“. Ова се случува околу деценија и пол по појавата на легендарниот „рингтон“ звук „Crazy Frog“ којшто за само 12 месеци на своите креатори им донесе приход од 40 милиони фунти. Анализите сега покажуваат дека корисниците во Обединетото Кралство кои инсталираат апликации за мелодија паднале за 20 отсто меѓу 2016 и 2020 година - од 4,6 милиони на 3,7 милиони луѓе. Овој тренд се објаснува со поинакви потреби и нови видови потрошувачка кај младите луѓе. За разлика од претходните генерации, помладите претпочитаат „тивок режим“, а и сега, луѓето во своите 20-ти години трошат многу повеќе време со својот телефон в рака. Практично, навистина не им треба посебно ѕвонење, бидејќи секогаш, речиси веднаш, гледаат кога некој им ѕвони. Преносните уреди - паметни часовници и нараквици, кои се поврзани со телефоните и ги известуваат корисниците за дојдовни повици преку вибрации, исто така се фактор. Тука се и пишаните пораки, кои сѐ повеќе се претпочитаат и донекаде ги истиснуваат повиците. си/гт/

Остани поврзан