• понеделник, 23 декември 2024

Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи

Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи

 

Лондон, 31 мај 2024 (МИА) – Италијанскиот стратег Енцо Мареска, кој во сезоната што измина го врати Лестер во Премиер лигата, е новиот тренер на Челзи, пишуваат денеска британските медиуми.

Според Дејли Телеграф, 44-годишниот Мареска бил назначен за нов тренер на лондонскиот клуб доцна синоќа, потпишувајќи петгодишен договор, со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Мареска, кој до минатата година беше асистент на Шпанецот Пеп Гвардиола во англискиот шампион Манчестер Сити, експресно го врати Лестер во англиската Премиер лига, откако тимот испадна пред 12 месеци.

Мареска, поранешен играч од средниот ред кој настапуваше за Јувентус, Севиља и Олимпијакос, ќе биде четвртиот тренер на клупата на Челзи откако клубот го купи Тод Бојли и неговиот конзорциум инвеститори, по Томас Тухел, Грахам Потер и Маурицио Покетино. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан