• среда, 15 мај 2024

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Манчестер, 6 мај 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан