• понеделник, 23 декември 2024

Ме­ѓу­на­роде­н фе­сти­вал за кла­сич­на ги­та­ра „Тре­мо­ло“

Ме­ѓу­на­роде­н фе­сти­вал за кла­сич­на ги­та­ра „Тре­мо­ло“
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Дет­ски­от кул­ту­рен цен­тар „Кар­пош“, со под­др­шка на Град Скоп­је, од денеска до 8 јуни ќе го организира 13. Ме­ѓу­на­роде­н фе­сти­вал за кла­сич­на ги­та­ра „Тре­мо­ло“. Во рамките на фестивалот и годинава ќе се одр­жат не­кол­ку кон­цер­ти, тра­ди­ци­о­нал­ни­от ин­тер­на­ци­о­на­лен нат­пре­вар за кла­сич­на ги­та­ра во категории за ученици и студенти,  ка­ко и мастер часови. Натпреварите ќе се одржуваат онлајн од денеска до 5 јуни. Во интернационалното жири членуваат музичките професионалци: Џевдет Сахатџија, Стефан Трифан, Хозе Карлос Гомез, Стела Динкова, Зоран Анич, Ерхан Мујка, Борче Наумовски и Љубомир Наќевски. Во живо ќе се одржат неколку концерти со почеток во 19.30 часот. Првиот е на 4 јуни  во Даут-пашин амам, каде што ќе настапи гитаристот Лука Романели, минатогодишен победник на „Тремоло“. На 6 јуни концерт ќе одржи Милош Вуковиќ во Музејот на македонската борба, а двата последни концерта ќе бидат во Филхармонијата - на 7 јуни на Хозе Карлос Гомез и на 8 јуни - концертот на Горан Кривокапиќ. хс/мд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан