• среда, 03 јули 2024

МВР: 198 санкции за сообраќајни прекршоци

МВР: 198 санкции за сообраќајни прекршоци

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во период од 09.00 до 13.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 198 санкции за сообраќајни прекршоци.

Како што информираат денеска од МВР, при контролата, санкционирани се 33 возачи поради бесправно управување на возилото, а осум поради тоа што возеле без возачка дозвола.

На вонреден технички преглед биле упатени 55 возила, а кај 16 биле констатирани технички неисправности.

Од полицијата најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта. сст/цр/

фото МИА архива

 

 

 

 

 
 

Остани поврзан