МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
- Повторените локални избори во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од МВР.
Скопје, 11 јануари 2026 (МИА) - Повторените локални избори во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одржаа во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од МВР.
-МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
Не беа регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир, се наведува во соопштението. дма/сст/
Фото: МИА архива