МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во осумте училиштата во Скопје
- Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи за
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) – Проверени се осумте училишта на чии мејлови беа упатени закани за наводно поставени бомби и утврдено е дека пријавите се лажни, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Пет училишта денеска околу 12 часот пријавиле до СВР – Скопје дека на меил адреси добиле закани за поставени бомби. Станува збор за гимназиите „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Полицијата испрати тимови, а учениците и вработените беа евакуирани од објектите, каде се вршат проверки.
Подоцна, како што информираа од МВР дополнително е пријавено дека иста закана пристигнала преку електронска пошта до уште три училишта во Скопје и оти и таму се преземаат мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените.
-Веднаш се упатени тимови за антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во дел од училиштата веќе е завршена проверката и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, а во дел од училиштата проверките се уште во тек, додаваат од МВР. ац/дма/