• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 јануари 2024 (МИА) - На 23.01.2023 околу 01.20 часот на локалниот пат Пирок - Раковец, тетовско,  полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот Б.И. од тетовски Пирок.

При негов и преглед на патничко моторно возило „опел вектра“ со словенечки национални ознаки, кое го управувал, а во кое се превезувале уште две други лица од истото село, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Денеска (23.01.2024) во 02.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Волковија, кај с.Брвеница, патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Брвеница, тетовско, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.  

На 22.01.2024 околу 23.04 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на ул.„23 Август“ во Берово настанал пожар во куќата сопственост на С.Ч.(48) од Берово.

Притоа, со повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Здравствен дом Берово за укажување помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.

На 22.01.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Драчево, М.С.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавила дека во с.Студеничани била касната од куче скитник.  

На 22.01.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Варшавска“ во Скопје била касната од куче со сопственик.    

На 22.01.2024 во 12.45 часот во СВР Тетово, 57 - годишната Л.К.С. од Скопје пријавила дека на регионалниот пат Жеровјане - Радиовце била касната од куче скитник. сст/

 

 

     

Остани поврзан