МВР Билтен
- Денеска (11.12.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(36) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - На 10.12.2024 во 21.35 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Д.А.(27) од Скопје, на подрачјето на Драчево.
МВР денеска соопшти дека при претресот пронајдени се над четири килограми марихуана, 18 пакувања со прашкаста материја (амфетамин) и бела грутчеста материја. Д.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по брза постапка.
На 10.12.2024 во 22 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.З.(29) од гостиварско Дебреше. При претрес во домот и помошни простории во с.Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг Д.Н.(29) од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари. Таа е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Н., кој не бил присутен на претресот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 12.50 часот во струшката населба „Езерски лозја“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Л.А.(18) од Република Албанија. При претрес во апартман, кој тој го користел, била пронајдена и одземена марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Нa 09.12.2024 во 13.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.С.(32) од село Баница, струмичко, поради сомнение дека на крајот на месец ноември и на почетокот на декември извршил четири тешки кражби на дрзок начин во куќи на подрачје на Радовиш, при што одзел пари, накит и други предмети во вкупна вредност од 1.159.050 денари. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а на 10.12.2024 во службен разговор во просториите на ОВР Радовиш, ги признал делата. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случаите, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (11.12.2024) во 02.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.12.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(36) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ј.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.12.2024 во 19.50 часот, полициски службеници од Полициско одделение Градско го привеле М.П.(34) од Градско. При контролата на патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, управувано од М.П., биле пронајдени огревни дрва без жиг и документација. Дрвата и возилото биле одземени и предадени на Шумска полиција и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.12.2024 во СВР Тетово било пријавено дека околу 17.10 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(64) од с.Порој, удрило во пешакот Ф.С.(70) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ф.С., констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 10.12.2024 во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(41) од Скопје, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Шуто Оризари“ и ул.„Бутелски венец“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(67) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од О.З.(57), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот, Б.З.(54) од Скопје, а возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 10.12.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(75) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.
На 10.12.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.А.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Ана Липша - Тофовиќ“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 10.12.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.К.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. цр/
Фото: МИА архива