• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија завчера го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 20.10.2024 во 20:45 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го привеле А.Х.(40) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Денеска во 01:40 часот на место викано „Сончев град“ во село Сопиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(26) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 22:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 23:45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 20:40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(25) од село Бојане, општина Сарај, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 12:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(37) од Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 12:45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при  извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија. З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.                      

На 20.10.2024 во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка. Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.   

На 20.10.2024 во 19:45  часот на автопатот Тетово - Скопје, кај наплатна рампа Желино, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.М.(22) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 21:10 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане  ги лишиле од слобода Ш.М.(18), А.З.(19) и Д.Л.(18), тројцата од Тетово. При преглед во возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Ш.М., кај нив била пронајдена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 20:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица - Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(24) од Струмица и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“, Л.К.(31) од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 20.10.2024 во 13:30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, В.Д.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 20.10.2024 во СВР Битола, Е.С.(28) од Битола пријавила дека во близина на основното училиште „Климент Охридски” била касната од куче скитник. фф/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан