13 декември 2024
Денеска (13.12.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на населбата Илинден, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.З.(25) од нас.Илинден затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2024 во 18.45 часот во угостителски објект во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Г.Ј.(39), И.И.(48) и Д.С.(53), сите од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Г.Ј. биле пронајдени грутчеста материја и прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 12.12.2024 во 17.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(56) од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол – Чешка. По насока на јавен обвинител, тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 12.12.2024 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Ф.(49) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиротехнички.средства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2024 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.Х.Г.(25) затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.12.2024 во 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Благоја Стевковски“ и ул.„Модест Мусоргски“ во Скопје, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42)од Скопје, удрило во З.Д.(85) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 12.12.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во с.Дебреше, гостиварско, патничко возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(18) од с.Врапчиште, гостиварско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 12.12.2024 во 16.40 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(29) од с.Волково, скопско, пријавил дека на ул.„Скупи“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 12.12.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, И.Д.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Фото: МИА