Приведен крадец во Струмица
- Во Струмица вчера во 10.30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Струмица, поради сомнение дека околу 00.30 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што од касата одзел пари.
Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - Во Струмица вчера во 10.30 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Струмица, поради сомнение дека околу 00.30 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што од касата одзел пари.
МВР денеска соопшти дека тој бил задржан во Полициската станица Струмица и кај него биле пронајдени дел од украдените пари.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/са/
Фото: МИА архива