• среда, 03 јули 2024
МВР Билтен

Скопје, 2 јуни 2024 (МИА) - На 01.07.2024 во 19.20 часот во поранешна фабрика во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ш.Н.(32), Б.Д.(47), А.Р.(21), сите од Штип и Е.К.(35) од Тетово.

Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во машинска работилница во фабриката. Четирите лица биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 01.07.2024 во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар ги лишиле од слобода Ј.Е.(32) и Л.Е.(37), двајцата од Гостивар, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени кокаин и пари.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 01.07.2024 во 22.10 часот на паркинг кај с.Горно Нерези, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(36) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.07.2024 во 19.55 часот на Граничниот премин Деве Баир, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.А.(59) од Република Турција, поради тоа што при извршена пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека меѓународната зелена карта била фалсификувана.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 01.07.2024 во 11.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола и гранична проверка било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка „апси“ по барање на Интерпол Франција.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

На 01.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - обиколница на град Скопје, во близина на клучката Стајковци, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.07.2024 во 09.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, патничко возило удрило во Р.А.(75) од Штип, по што возачот со возилото го напуштил местото на несреќата.

Притоа, Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 01.07.2024 во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Мешеишта, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од И.П.(22) од Струга и патничко возило „бмв“, управувано од А.П.(34) од с.Ливада, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ауди“, М.П.(49) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „бмв“, Ф.Р.(28) од Струга, констатирани во Општата болница Струга и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.  

На 01.07.2024 околу 11.00 во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопат А1, од правец на Градско спрема Велес, во близина на наплатна станица ,,Виничани“, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.М.(66) од Куманово, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

На 01.07.2024 во 18.38 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај с.Трапчин Дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат седичи“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(37) од с.Козица, кичевско, и четирицкл „поларис“, управуван од малолетник од с.Длабкин Дол, кичевско.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

На 01.07.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Аеродром, В.В.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 01.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.Б.(54) од Скопје, пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.
 
На 01.07.2024 во 16.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.А.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Шар планина“ во Скопје бил каснат од куче скитник. сст/

фото МИА архива
 

 

 

 

 

 

Остани поврзан