• сабота, 16 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - На 09.10.2024 кај место викано „Поводеници”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп.

МВР денеска соопшти дека тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација. Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило. Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.10.2024 во 17.20 часот во гостиварското село Вруток, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Вруток поради постоење основи на сомнение дека на 07.08.2024 одзел пари од касата во продажниот објект каде што работел. Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 08.10.2024 во 19.40 и 20.15 часот во гостиварски Добридол и Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги привеле Ј.М.(19) од Добридол и Б.Х.(31) од Градец. Ј.М. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“, додека Б.Х. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „разбојништво“. Тие биле предадени во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.   

На 08.10.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(29), Б.М.(39) и Б.И.(41), сите од Куманово, затоа што кај С.М. и Б.М. била пронајдена марихуана, додека кај Б.И. бил пронајден хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 08.10.2024 во 18.15 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода З.Р.(35) и З.М.(44), двајцата од Битола, затоа што кај З.Р. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, а кај З.М. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 08.10.2024 во 19.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ф.М.(40) гостиварско Здуње и Ф.Џ.(22) од Форино затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.                                                          

На 09.10.2024 во 01.10 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.И.(29) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (09.10.2024) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода И.С.Б.(34) и Д.Т.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Денеска (09.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (09.10.2024) во 01.20 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (09.10.2024) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.10.2024 во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.10.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.10.2024 во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.И.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

На 08.10.2024 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 08.10.2024 околу 09.50 часот во СВР Скопје, Р.Д.(38) од с.Бразда, скопско, пријавил дека при вршење ископ со багер во с.Мирковци, скопско, пронашол експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за испукано зрно од граната калибар 75 мм, кое потекнува од Втора светска војна. Извршен бил увид.   

На 08.10.2024 во 15.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат Гевгелија – село Смоквица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р.(44) од село Баница, струмичко, товарно возило „ивеко“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(30) од село Селце, прилепско и патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(37) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и сопатниците во возилото „цитроен“ М.Р. и Б.Р., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 08.10.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор  на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 08.10.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, А.М.(38) од Скопје пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 08.10.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.А.(76) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 08.10.2024 во 09.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.М.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Бапчор“ во Скопје била касната од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан