• четврток, 26 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - На 03.12.2024 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.Ѓ.(21) од село Дамјан, радовишко. При претреси во неговиот дом во село Дамјан и во стан во кој престојувал во Радовиш, извршени со судска наредба, биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, дигитална вага, ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 12 мм и 6 патрони за ловечка пушка. Истиот ден, од слобода бил лишен и М.А.(21) од Радовиш поради постоење на сомнение дека заедно со К.Ѓ. се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 12.10 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 00.40 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево и Полициското одделение Македонска Каменица ги лишиле од слобода Ј.З.(20), А.П.(19) и В.К.(19), сите од Кочани. При преглед во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Ј.З., а останатите лица биле сопатници, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 03.12.2024 во 22.10 часот во с.Мало Турчане, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.К.(21) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 03.12.2024 во 21.40 часот на место викано „Преслап” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.К.(27) од Република Турција и К.Ц.(34) од Индија, двајцата со привремен  престој во Прилеп. При преглед во патничко возило „фолксваген” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени марихуана и метална дробилка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Л.Б.(20) од с.Никуштак, општина Липково, затоа што кај него бил пронајден и одземен метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На  03.12.2024 во 09.10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат с.Фурка - Валандово, во близина на село Дедели, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(56) од Валандово и товарно возило влекач „сканиа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од З.Р.(47) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Г., констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово. 

На 03.12.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито'' во Богданци, патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(61) од Богданци, удрило во малолетен пешак од Гевгелија, по што го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Денеска (04.12.2024) во 02.15 часот во СВР Скопје, И.И.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 03.12.2024 во 11.45 часот  во СВР Битола, Б.Б.(40)  од с.Лопатица,битолско, пријавил дека во с.Лопатица бил каснат од куче скитник.

На  03.12.2024 во 16.50 часот во СВР  Битола,  Ј.Ј.(36) од Битола пријавил дека кај Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник. 

Фото: МИА

 

Остани поврзан