• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - На 30.05.2023 во периодот од 11 до 17 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 160 возачи. Од нив, 112 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 31 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На 30.05.2023  околу 17.30 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот Н.А. од Штип, со живеалиште во Радовиш. Тој се сомничи дека околу 13.45 часот во парк на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар одзел паричник од малолетничка од Гостивар. По целосно документирање на случајот на Н.А. ќе му биде изготвен поднесок.

На 30.05.2023 околу 22.20 часот на ул.„Панче Караѓозов“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле Џ.Д,(23) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање  на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.05.2023 во 01.15 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.Д.(42) од Штип затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.05.2023 во 13.20 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(35) од Косово затоа што при извршена проверка било констатирано дека евидирал во оперативната евиденција со мерка „апси“ по телеграма од СВР Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (30.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 161 возачи. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за непрописно престројување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Вчера (30.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 42 возачи. Од нив, 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Во периодот од 11.00 до 17.00 часот, пак, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Притоа, 8 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 5 возеле без возачка дозвола, 1 мотоцикл бил нерегистриран,1 мотоциклист управувал под дејство на алкохол,1 со измината важност на осигурителна полиса .... За време на контролата санкционирани се 26 други видови на сообраќајни прекршоци.

На 30.05.2023 во 14.45 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, атар на с.Псача, општина Ранковце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З.К.(52) од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(48) од Република Србија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К. и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Д.К.(21) од Крива Паланка, констатирани во Општа болница во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.  

На 30.05.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Драчево, И.Т.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 30.05.2023 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.К.(33) од Радовиш пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.

На 30.05.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Д.(68) од Скопје пријавила дека во  Бутел била касната од куче скитник. дма/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан