• вторник, 14 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - На 30.03.2024 во 22.20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ч.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.03.2024 во 23.50 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Ј.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 31.03.2024 во 01.00 часот во Струмица полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода Б.И.(39) и малолетничка од Струмица. При извршен преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена марихуана. Во Полициската станица Струмица бил извршен разговор со малолетничката во присуство на нејзините родители. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.03.2024 во 17.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Братство- единство“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ш.(41) од Куманово и патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(40) од с.Романовце-кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 30.03.2024 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово патничко возило „шевролет спарк“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(25) од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(33) од Тетово, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник И.И.(36) од Тетово, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„1632“ товарно возило „даф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(44) од Скопје, удрило во пешакот В.З.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2024 во 14.35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово во близина на пешачкиот надвозник Маџари во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Т.(41) од Скопје и патничко возило „митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле В.П. и уште двајца нејзини малолетни сопатници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 30.03.2024 во 12.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2 во правец на Граничниот премин Ќафасан мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од А.Д.(46) од Струга излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

На 30.03.2024 во 10.15 часот во Полициската станица Карпош Т.А.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.03.2024 во 20.45 часот во Полициска станица Аеродром В.Б.(22) од с.Агино, кумановско пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник. вг/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан