• сабота, 21 декември 2024
МВР Билтен

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) - Денеска (13.10.2024) околу 05.00 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Џ.Р.(42) од село Бајрамовци, дебарско. При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.

На 12.10.2024 во 02.10 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле Ф.П.(24) од Скопје затоа што кај него бил пронајден кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.10.2024, од 00.00 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објекти во Тетово за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење алкохол на малолетници. При контролата, во угостителски објект на улица ,,Илинденска" во Тетово, сопственост на Ф.Н. (33) од с.Порој, тетовско, биле затекнати седум малолетници, кои биле предадени на нивните родители. На сопственикот на објектот му бил изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Денеска (13.10.2024) во 01.15 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле Д.П.(46) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Застава“ и рамка со куршуми. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во СВР Скопје, А.Б.(68) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во неговиот двор паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило кровот од неговата куќа. Полициски службеници од Полициската станица Драчево го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден. При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил лишен од слобода и спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно и кривично дело „телесна повреда“. На 03.10.2024 во семејниот дом, поради претходни недоразбирања, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му патувил закани по неговиот живот, по што му била одредена мерка притвор од осум дена во Казнено поправната установа Затвор, Скопје.      

Денеска (13.10.2024) во 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аердором во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(21) од село Сопиште, скопско и К.М.(25) од Прилеп, со престој во Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно докуменирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 12.10.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, Р.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 06.10 часот во СВР Скопје, А.А.(21) од село Стајковци, скопско, пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, едно лице му се заканило со тврд предмет и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 16.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Д.Р.(34) од Скопје затоа што во претходно во населба Драчево физички го нападнал И.Г.(55) од Скопје се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајто ќе следува содветен поднесок.

На 12.10.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, две лица физички нападнале малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 21.16 часот во СВР Штип, К.М.(42) од Штип пријавила дека пред станбена зграда во Штип била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.10.2024) во 01.32 часот во СВР Скопје, Р.Ј.(43) од Скопје пријавил дека околу 00.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.10.2024 во 22.33 часот во СВР Штип, Е.Т.(49) од Штип пријавил дека на ул.„Никола Карев“ во Штип, по претходна расправија околу сообраќајот, бил физички нападнат од Н.К.(37) од Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2024 во 13.13 часот во СВР Скопје, С.Д.(71) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот пред влез на станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Ј.А.(74) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.10.2204 во 07.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Драчево во Скопје, М.Ц.(54) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физички ја нападнал Р.П.(68) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (13.10.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје, В.К.(48) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Карпош, две лица со закана со остар предмет од неговата малолетна ќерка одзеле чанта со лични документи и пари. Се преземаат мерки за расистување на случајот.

На 11.10.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот во Гевгелија, на место викано „Смрдлива вода“, во реката било пронајдено машко лице во бессознание. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 12.10.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел во Охрид, за време на одржување на школа за млади лидери, на учесникот С.А.Е.А.(69) од Шкотска му се слошило и починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан