• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Во СВР Битола на 22.10.2024 во било пријавено дека околу 02 часот во РЕК Битола- рудник Брод-Гнеотино, Е.С.(37) од село Будаково, општина Могила, додека извршувал работни активности како возач на камион за транспорт на јаглен, удрил во мост на транспортна лента, при што се здобил со повреди. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 22.10.2024 во 12:45 часот во СВР Куманово, биле задржани Р.И.Б.(23) и А.Р.(33) и двајцата од Непал, затоа што оствариле илегален влез во државата. Тие биле пренесени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.

На 23.10.2024 околу 02:20 часот при контрола на возило „опел инсигнија“ извршена на улицата „29 ноември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, кај А.К.(41) од Кичево пронашле пушка „Крал Арис“, калибар 6,35 милиметри, со монтиран нишан, за што, А.К. немал соодветна документација. Тој е приведен, а оружјето е одземено и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.10.2024 во 21 часот на улица „18 Ноември" во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода И.Х.(56) и И.З.(28), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека во текот на изминатите два месеци извршиле кражби во гостиварско. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.10.2024 во 22:45 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода М.М.(55) по претходна пријава дека околу 21:20 часот влегол во домот на неговиот сосед М.А.(54) и физички го нападнал. Во обид да го одбрани бил турнат и неговиот брат В.А. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.10.2024 во 11:45 часот во СВР Штип, Р.Р.(79) од село Долни Балван, општина Карбинци, пријавила дека на 17.10.2024 околу 15:20 часот на место викано „Брествица“ била физички нападната од А.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (23.10.2024) во 11 часот во СВР Штип, В.А.(76) од Штип пријавил дека околу 09.15 часот во Штип едно лице со употреба на сила му одзело чанта во која имало пари, телефон и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (23.10.2024) од страна на полициски службеници од ОВР Берово во периодот од 07:30 до 10 часот, по претходна судска наредба од Основен суд Кочани, бил извршен претрес во дом во Берово кај М.П.(81) и во викендица лоцирана на место викано Орман-Дурева чешма, при што биле пронајдени: воздушна пушка „Црвена Застава“ 4.5 мм, 160 дијаболи калибар 4.5 мм, пиштол „ерма венке“ модел еп 25 калибар 6.35 мм, 13 куршуми калибар 6.35 мм, еден куршум калибар 9 мм и 12 куршуми калибар 7.65 мм. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.10.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје 37-годишна жена пријавила дека на 22.10.2024 на подрачјето на Драчево нејзината 17 годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Д.(24), а употребил и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (23.10.2024) во 02:03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 0:.30 часот во село Волково, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на С.К.(59) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.10.2024 во 18 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 17:40 часот во објект за брзи кредити, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.10.2024 во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари. Според пријавеното, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ар/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан