МВР Билтен
- Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево вчера во 15.30 и 16.15 часот во Кичево ги лишија од слобода Ј.Х.К.(58) од Швајцарија, со привремен престој во Кичево, и М.Р.(44) од Република Австрија, исто така, со привремен престој во Кичево.
Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево вчера во 15.30 и 16.15 часот во Кичево ги лишија од слобода Ј.Х.К.(58) од Швајцарија, со привремен престој во Кичево, и М.Р.(44) од Република Австрија, исто така, со привремен престој во Кичево.
При претрес во домот во кој привремено престојува Ј.Х.К., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со марихуана, саксии со растението канабис, семки од растението канабис, вага со остатоци од марихуана и други предмети. Додека при претрес во домот во кој привремено престојува М.Р., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дробилка со остатоци од марихуана, шише исполнето со непозната течност, капсули и други предмети со остатоци од бела материја.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17-годишник од Куманово поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ одзел повеќе предмети.
Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.10.2024 во 22.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.С.(26) од Струмица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.10.2024 во 13.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Г.(51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.10.2024 во 06.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле П.Б.(38) од Кавадарци, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
На 02.10.2024 во 15.30 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Б.(37) од Боговиње, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 02.10.2024 во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Б.И.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 02.10.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Ќ.К.(18) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 02.10.2024 во 11.25 часот во Полициската станица Карпош, А.К.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Илинден“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 02.10.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 02.10.2024 во 15.45 часот во Полициската станица Аеродром, И.Н.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ во Скопје бил каснат од куче скитник. хс/
Фото: МИА архива