• петок, 08 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 октомври 2024 (МИА) - На 11.10.2024, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка и координирана акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од с.Никуштак, општина Липково. При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

На 11.10.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од  бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена  бела грутчеста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријва.

На 11.10.2024 во 16.40 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Н.(28) од Порој, тетовско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба" казниво по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11/12.10.2024 во периодот од 22.00 часот до 02.00 часот во централното градско подрачје на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 24.00 часот и точење и продавање на алкохол на малолетници. Контролата беше спроведена во три угостителски објекти и три казина, при што било констатирано точење алхохол на малолетници, а извршена е проверка на идентитет на 11 лица и преглед на пет лица. Притоа, во угостителски објект  на градскиот плоштад во Ресен беа затекнати двајца малолетници под дејство на алкохол. Малолетниците се предадени на родителите и по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 11.10.2024 во 10.30 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле У.Е.(64) од Врапчиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.10.2024 во 15.40 часот во с.Градец, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле М.А.(47) од с.Градец, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На 11.10.2024 во 07.55 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Д.(41) од Кочани затоа што кај него биле пронајдени и одземени повеќе различни видови таблети за кои не поседувал документација. Лицето и таблетите биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 12.10.2024 во 01.15 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ј.А.(20) од с.Врапичиште, гостиварско, затоа што кај него биле пронајдени гасен пиштол и електро шок. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случјот против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Закон за оружје.

На 10.10.2024 во 13.59 часот во СВР Штип, Б.С.(31) од с.Спанчево пријавил дека при вршење ископ на плац во село Спанчево пронашол граната која потекнувала од Прва светска војна. Гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.   

На 12.10.2024 околу 01.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во с.Агино Село, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата, М.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

На 11.10.2024 околу 06.50 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, атар на Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ивеко“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(49) од Штип и возило комбе „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(57) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.П.(63) и Д.П.(40), двајцата од Штип, сопатници во комбето, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.С. и сопатниците од неговото возило З.П.(62), Т.П.(30), Ј.С.(53) и малолетник, сите од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.  Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

На 11.10.2024 околу 16.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп, мотоцикл „хонда" со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од С.С.(40) од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила  Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.   

На 11.10.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш,  патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од  Ѓ.Ѓ.(37) од Радовиш, удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медициски центар Штип. По преземени мерки и активности, возачот бил пронајден на 12.10.2024 и со него бил извршен службен разговор. Увид бил извршен од екипа на Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан