• четврток, 04 декември 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 ноември 2025 (МИА) - На 18.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Х.Б.(29) од с.Грушино, општина Арачиново, К.Е.(26), А.А.(47) и Х.А.(25) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 19.11.2025 околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово - Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Т.(26) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и други предемти. Подоцна, по преземени мерки е утврдено тој овозможила на друго лице да користи од дрогата во неговиот дом. 

На 18.11.2025 околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово,  патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа,кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(73) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела сопственост на Муфтиство на Исламската верска заедница, узурпирал и изградил семејна куќа без да поседува одобрение за градба, издадена од општина Тетово. 

На 18.11.2025 околу 20.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат во с.Липково, општина Липково, патничко возило „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Х.А.(49) од с.Отља, општина Липково, удрило во пешакот Е.И.(42) од с.Липково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против К.Ќ.(54) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 16.04.2025 на ул.„29 Ноември“ во Ресен, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „рено“, кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.      

На 18/19.11.2025 во периодот од 23:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. Притоа, во угостителски објект на ул.„Илинденска“, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар, затекнати се и приведени В.А.(32), Л.А.(36), А.П.(36) и К.К.(50), сите од Албанија. Додека, во угостителски објект во с.Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б.(50) од Гостивар затекнати се и приведени Е.У.(39) и Џ.К.(25) од Албанија. Петте албански државјанки се приведени затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.    

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.И.(51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. На место викано „Кусиол“ во Тетово, пријавениот оградил место со жичана ограда и бетонски столбови на две катастарски парцели во сопственост Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта. 

На 18.11.2025 во 13:45 часот на регионален пат помеѓу селата Смоквица и Прдејци, гевгелиско, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(35) од село Добрејци, струмичко, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и сопатникот Љ.А.(43) од Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Л.(48) од Струмица, констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Увид на местото изврши екипа на Полициската станица Гевгелија. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор. Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.   

На 18.11.2025 во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.09.2025 во правен субјект, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал вработениот Б.Џ.(54).   

На 17.11.2025 во 13:05 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ со ул.„11 Октомври“ во Ресен се  случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ управуван од А.Ф.(19) од с.Покрвеник, ресенско и патничко возило „цитроен“ со ресенски регистарски ознаки управувано од 28-годишната С.Р. од с.Дрмени, ресенско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Ресен. 

На 18.11.2025 во 13:30 часот на Граничен премин Ќафасан, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.(59) од Република Албанија. При гранична контрола и проверки во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 332 парчиња риба-белвица. Тој е предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Струга за понатамошна постапка и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Н.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 09.10.2025, пријавениот преку мобилна апликација упатувал закани на полициски слјужбеник.   

На 18.11.2025 во 09:51 часот во СВР Скопје, М.О.(52) од Скопје пријави дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 18.11.2025 во 18:20 часот во СВР Скопје, Л.И.(19) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 18.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Р.К.(40)  пријави  дека на 15.11.2025 околу  15:00 часот во двор од основно училиште во с.Љубош, општина Студеничани, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, додека друг малолетник го снимал настанот со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.свс/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан