• петок, 03 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 април 2024 (МИА) - На 22.04.2024 во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.04.2024) во 02.20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Скопје, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

На 22.04.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, М.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот во с.Арачиново-скопско, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од Н.Р.(56) и Б.Р.(28), двајцата од истото село, кои употребиле и тврд предмет.

На 22.04.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 48- годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.М.(49) од Скопје.

На 22.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.А.(60) и М.Ч.(34), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 22.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.04.2024 во 13.45 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце сопреле патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(41) од Куманово, и при извршен преглед во возилото констатирано било дека истиот врши превоз на огревно дрво–бука без соодветна документација.

Тој заедно со возилото биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 09.03.2024 во локал за видео игри во с.Врапчиште, пријавениот со тврд предмет физички го нападнал Ф.С.(20) и му нанел повреди.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот,  физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ж.(45) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и П.П.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 27.10.2023 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај П.Ј. и М.Т., пронашле и одзеле марихуана која била наменета да ја користат со второпријвениот, а која претходно ја набавиле од првопријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П. (36) од Прилеп,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 03.10.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.

Пријавениот, на 25.02.2024, на паркинг простор во Гостивар, одзел возило во сопственост на Г.Н. (51) од Скопје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Ј. (46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра, која ја употребил на 30.04.2023 во продажно место во  с.Отља, општина Липково.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Т.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 05.04.2024 во Штип, по вербална расправија пријавениот со нож му упатувал закани на М.Г. од Штип.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М. (46) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 28.07.2023, пријавениот на парцела во Гостивар, ангажирал градежни работници кои извршиле градежни работи, без претходно да се стекне со одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.С.(43) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на 2023 година,  изградил објект на ул.„8-ми Октомври“,  а притоа не поседувал одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На 22.04.2024 во 11 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода е лишен Б.В.(21) од струшкото село Велешта.

При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.04.2024 околу 19.30 часот, во ОВР Кичево, од слобода е лишен А.Д.(34) од селото Преглово, општина Македонски Брод.

При преглед извршен на улицата „Елисие Попоски Марко“ во Кичево, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, кај него пронајдоа и одзедоа прашкаста материја. Покрај тоа, тој, на полициските службеници им пријавил дека претходно, на улицата „11 септември“ во Кичево, бил физички нападнат од Ј.Д. од Кичево. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.04.2024 во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори.

Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.04.2024 година  во 21.32 часот во СВР Куманово З.Ф. (36)  од Куманово, пријавила дека  додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик.  

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 22.04.2024 во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (23.04.2024) во 02.20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Ј.(36) од Скопје, по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.04.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, М.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот во с.Арачиново-скопско, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од Н.Р.(56) и Б.Р.(28), двајцата од истото село, кои употребиле и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
       
На 22.04.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 48- годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер М.М.(49) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.04.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.А.(60) и М.Ч.(34), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 22.04.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.04.2024 во 13.45 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце сопреле патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(41) од Куманово, и при извршен преглед во возилото констатирано било дека истиот врши превоз на огревно дрво–бука без соодветна документација.

Тој заедно со возилото биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(41) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 09.03.2024 во локал за видео игри во с.Врапчиште, пријавениот со тврд предмет физички го нападнал Ф.С.(20) и му нанел повреди.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“.

Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот,  физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ж.(45) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и П.П.(22) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 27.10.2023 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај П.Ј. и М.Т., пронашле и одзеле марихуана која била наменета да ја користат со второпријвениот, а која претходно ја набавиле од првопријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П. (36) од Прилеп,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 03.10.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(18) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.

Пријавениот, на 25.02.2024, на паркинг простор во Гостивар, одзел возило во сопственост на Г.Н. (51) од Скопје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Ј. (46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра, која ја употребил на 30.04.2023 во продажно место во  с.Отља, општина Липково.

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Т.(52) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 05.04.2024 во Штип, по вербална расправија пријавениот со нож му упатувал закани на М.Г. од Штип.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М. (46) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На 28.07.2023, пријавениот на парцела во Гостивар, ангажирал градежни работници кои извршиле градежни работи, без претходно да се стекне со одобрение за градење издадено од надлежен орган.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.С.(43) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на 2023 година,  изградил објект на ул.„8-ми Октомври“,  а притоа не поседувал одобрение за градба издадено од надлежен орган.

На 22.04.2024 во 11 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода е лишен Б.В.(21) од струшкото село Велешта.

При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.04.2024 околу 19.30 часот, во ОВР Кичево, од слобода е лишен А.Д.(34) од селото Преглово, општина Македонски Брод.

При преглед извршен на улицата „Елисие Попоски Марко“ во Кичево, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, кај него пронајдоа и одзедоа прашкаста материја. Покрај тоа, тој, на полициските службеници им пријавил дека претходно, на улицата „11 септември“ во Кичево, бил физички нападнат од Ј.Д. од Кичево. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.04.2024 во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори.

Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.04.2024 година  во 21.32 часот во СВР Куманово З.Ф. (36)  од Куманово, пријавила дека  додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик.  

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. сст/
 
Остани поврзан