• петок, 16 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 15 август 2024 (МИА - На 14.08.2024 во 16.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Н.(43) од село Лопате, кумановско. Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 05.20 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.Т.(59) од с.Туралево, кратовско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во с.Добрево, пробиштипско. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ц.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 04.08.2024 на булевар „Туристичка“ во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, по што бил лишен од слобода.

Вчера во 15.20 часот во СВР Скопје, 86 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат од полиција во Црна Гора. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на местото каде што ѝ кажало лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(18), К.С.(20), Т.М.(19), А.С.(18) и Д.А.(19) сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 22.07.2024 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле амфетамин, таблета MDMA, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На пријавените им била изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 14.08.2024 на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино затекнале товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(42) од Струмица. При преглед во возилото било утврдено дека А.Ш. неовластено врши тргување со отпад. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.А.(43) и Е.А.(22), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „спречување на докажување“. На 08.08.2024 во атар на село Селце, штипско, пријавените извршиле бесправна сеча на огревни дрва, а на 09.08.2024 со намера да го спречат докажувањето на кривичното дело, од кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Штип бесправно го одзеле тракторот, со кој претходно го извршиле делото.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.П.(18) и малолетник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и  „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 22.07.2024 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 14.08.2024 во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат од тетовски Бродец кон с.Вешала се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од С.З.(52) од с.Бозовце и патничко возило „волво“ со италијански национални ознаки, управувано од Х.В.(46) од тетовска Мала Речица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.М.(42), сопатничка во возилото „голф“, додека двајцата возачи и сопатниците од  возилото „волво“, Х.М., А.М., Х.Б. и К.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(30) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.02.2024 на влез во Гевгелија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени метилен диоксиметамфетамин, амфетамин и марихуана.

На 14.08.2024 во СВР Тетово било пријавено дека околу 20.40 часот на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „даеву ланос“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(36) од Тетово, удрило во пешакот Ѓ.Т.(80) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на место на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.С.(24) од с.Ново Селани, штипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 08.02.2023 на патот Кочани  - брана Градче, полициски службеници кај пријавениот пронашле марихуана, која ја користел заедно со уште едно лице.

На 14.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера, во 23.50 часот во СВР Скопје, Б.В.(27) од Скопје пријавила дека околу 22.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице физички ја нападнало и со закана со остар предмет ѝ одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против К.Р.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 20.07.2023 во Градскиот парк во Берово, пријавениот му овозможил на лице од Берово да користи марихуана.

Денеска во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.А.(44), К.С.(46), И.С.(23) и И.Ѓ.(40), сите од Скопје, затоа што, поради нерасчистени имотно - правни односи, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно нерасчистени должничко – доверителски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Б.(27), Л.Ј.(27) и Б.А.(26), сите од Скопје, од една страна и Б.Ч.(27) од Скопје со уште неколку лица од друга страна, при што биле употребени тврд и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ф.(27) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање на чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“. На 11.11.2022, пријавениот злоупотребил платежна картичка, односно извршил трансакции од платежни картички на две лица.

Вчера во 23.00 часот во СВР Штип, Џ.Ј.(33) од Штип пријавил дека околу 22.00 часот во Штип, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу неговиот малолетен син и друг малолетник, по што неговиот малолетен син бил физички нападнат од Г.Г. и А.И..

Вчера во 14.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред казино на подрачјето на Петровец, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу малолетник и С.Г.(27), двајцата од населба Илинден. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од с.Неготино и Б.Ш.(30) од с.Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2024 во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди.

На 14.08.2024 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска сала на подрачјето на Гази Баба во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(38) и М.А., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23.23 часот во СВР Скопје, Н.Д.(47) од Скопје пријавил дека околу 23.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против E.И.(36) и малолетник, двајцата од Гостивар, поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2024 во Гостивар, пријавените физички ги нападнале М.Ј. и Д.Ј. во нивиот дом.

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје, 44 - годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.А.(47). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 14.08.2024 во 17.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.А.(34) од Штип поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмица. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот биле запознаени Центарот за социјални работи и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против E.И.(36) и малолетник, двајцата од Гостивар, поради постење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 12.08.2024 во Гостивар, пријавените физички ги нападнале М.Ј. и Д.Ј. во нивиот дом.

На 14.08.2024 во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје на подрачје на Центар, на вработената В.З.(59) од Скопје ѝ се слошило, по што починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 03.07.2024 во бачило во атар на Попова Шапка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал Ф.Р., при што употребил и тврд предмет и му нанел тешка телесна повреда.

На 14.08.2024 во 18.49 часот во СВР Скопје, 47 - годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг Р.С. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка и се самозадоволувал пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ра/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан