• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - На 04.10.2024 во 22.25 часот на ул. „4 Ноември" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и З.Н.(39), двајцата од Битола. При преглед на М.В. била пронајдена и одземена марихуана и прашкаста материја. По документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.10.2024 во 01.30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е П.Ч.(21) од Струга, кај кого, при извршен преглед, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.10.2024, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, од слобода го лишија А.Б.(39) од Охрид. При претрес во викенд куќа во охридското село Љубаништа, која тој ја користел, пронајдени се марихуана и засадени растенија. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Регионалниот центар за гранични работи Југ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Имено, на 04.10.2024 околу 08 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица” Д.П. бил затекнат, на место во близина на граничен камен 61/3, додека во својство на водич, пренесувал илегални мигранти од Кина, од грчка на македонска страна. Две женски лица од Кина се предадени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 04.10.2024 во 19.40 часот  во с.Порој, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.М.(27) од Р.Косово, поради тоа што противправно одзел патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на лице од с. Џепчиште, тетовско. Е.М. е задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додека одземеното возило му било вратено на сопственикот.

На 04.10.2024 во 22.40 часот на улица ,,Благоја Тоска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.М.(24) од Тетово, кај кого при преглед бил пронајден нож. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок согласно член 80 од законот за оружје.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.09.2024, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, МДМА, амфетамин и куршум со калибар 9мм.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Т.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.09.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Денеска (05.10.2024) околу 04.05 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти, на даден знак стоп од полициски службеници не застанало туку продолжило со движење кон с.Богородица, каде удрило во бетонски столб. Потоа возачот и дел од мигрантите се дале во бегство, а пронајдени се двајца мигранти од Пакистан, кои се предадени во Прифатниот транзитен центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.10.2024 на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода А.С.(33) од Турција, поради тоа што бил баран по распишана меѓународна потерница од Интерпол-Турција. Од страна на Основен суд Скопје одреден му е 30- дневен екстрадиционен притвор, по што бил предаден во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

На 04.10.2024 во 17.50 часот во Полициската станица Берово, од Мал групен дом – Берово, било пријавено дека од установата се оддалечила У.Ф.(16). Според пријавеното, најверојатно се наоѓа во Кочани со нејзиното момче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Денеска (05.10.2024) во 04.30 часот во Полициска станица Делчево, било пријавено дека во с.Тработивиште, делчевско, настанал пожар во помошен објект сопственост на З.К. (55) од с.Тработивиште. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарната едница Делчево.

Денеска (05.10.2024) во 03.10 часот во Полициската станица Свети Николе, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(24) од Свети Николе, по претходна пријава од 18-годишна девојка, дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон неа и нејзиниот татко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.10.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Чаир Т.С.(51) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг Б.С.(49) од Р.Хрватска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 04.10.2024 во 21.10 часот во СВР Скопје, А.М.(38) од с.Света Петка, скопско, пријавил дека околу 12.15 часот во близина на основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.10.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, В.Г.Р.(49) од Скопје пријавила дека на 27.09.2024 околу 12.30 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. дма/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан