• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - На улица „Веле Марков“ во Скопје, денеска во 13.50 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(60) во Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Денеска (07.11.2024) во 03.40 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Љ.Л.(21) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал својата 19-годишна сопруга, при што постапил спротивно на Решението за привремени мерки за заштита од семејно насилство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 15.02 часот во СВР Скопје, 38 – годишна жена од Косово пријавила дека на 02.11.2024 околу 18.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, додека била со нејзин пријател, поради претходно нерасчистени должничко - доверителски односи, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер В.С. од Скопје и неколку други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.11.2024 во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода А.Ѓ.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека одзел патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.Т.(58) од Битола, во кое имало пари, мобилни телефони и други предмети. Возилото било пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 06.11.2024 во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик. За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.  

На 07.11.2024 во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“ во кој имало неисправни стари вагони и локомотиви. Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал, а во текот на денот бил изгаснат.

На 06.11.2024 во 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила кон вработената одзело пари од прометот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.11.2024 во 08.20 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Х.Д.С.(66) од САД затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

На 06.11.2024 околу 18.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија пронашле три лица мигранти од Палестина, од кои двајца малолетници. Мигрантите биле пренесени во транзитен центар во Гевгелија. 

На 06.11.2024 во 16.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подрумски простории од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш.(34) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.  

На 06.11.2024 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат Ј.М.(51) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 06.11.2024 во 17.28 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Р.(48) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата ќерка Ш.Р.(17) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 06.11.2024 во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Здравствена установа на подрачјето на Карпош се оддалечил Д.С.(34) од Неготино, кој претходно бил хоспитализиран во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 06.11.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, С.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, пријавил дека на улица „146“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

На 06.11.2024 во 12.15 часот во Полициска станица Велес, Н.Д.(32) од Велес пријавил дека на улица „Благој Страчковски“ во Велес бил каснат од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(42) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 05.06.2024 во двор на основно училиште во с.Боговиње, пријавениот физички нападнал малолетник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(47) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 20.07.2024, пријавениот физички ја нападнал поранешната сопруга и ѝ нанел повреди.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ѓ.М.(33) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 20.10.2024, пријавениот упатувал закани кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. 

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.П.(52) од Чешиново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 28.10.2024 на ул.„Маршал Тито“ во с.Чешиново, по кратка расправија, пријавениот се обидел да го нападне Б.В. со остар предмет.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Ф.С.(50) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на службени работи од областа на безбедноста“. На 24.10.2024 во адвокатска канцеларија во с.Лабуништа, струшко, пријавениот физички го нападнал вработениот Ш.С., при што употребил и остар предмет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и Ј.С.(41) од Тетово, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 02.05.2024, пријавените склучиле писмен договор со едно лице во кој било наведено дека пријавениот е должен да изработи и монтира ентериер во вредност од 5.400 евра, додека нарачателот претходно треба да плати 50% од сумата. Лицето ја исплатило сумата по договорот, но пријавениот не го испочитувал склучениот договор.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 01.08.2024 на наплатна рампа Тетово - Гостивар, при сообраќајна контрола, на полициские службеници пријавениот им приложил фалсификувана возачка дозвола.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(37) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“. На 11.10.2024, пријавениот со воздушна пушка пукал во куче сопственост на Д.К..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.О.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 17.10.2024 на регионален пат Тетово-Попова Шапка, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолкваген“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 17.10.2024 на регионален пат Тетово-Попова Шапка, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „цитроен“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.У.(64) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 14.10.2024 во Гостивар, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „форд транзит“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан