• среда, 18 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против четворица малолетници, сите од с.Боговиње, општина Боговиње, осомничени за сторено кривично дело „насилство“.

На 21.11.2023 Б.Н. бил пресретнат од пријавените пред својот дом, по што тие физички го нападнале.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.П.(35) државјанин на Р. Швајцарија, Л.Ф.(37) и Г.Е.(51) двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 04.09.2023 полициски службеници при извршен преглед над пријавените пронашле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(33) од с.Чегране, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 02.06.2023  пријавениот, кој бил баран за издржување казна затвор, бил затекнат во објект во Тетово, а полициски службеници при извршен преглед во неговото возило пронашле и одзеле  марихуана.

На 24.03.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле санкционирани 61 прекршоци од кои, 29 надвор од населено место и 32 во населено место. Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци.

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 125 возачи.

Од нив, 82 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 за управување возило без возачка дозвола и седум за нерегистрирани возила.

На 24.03.2024 од 14.20 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници санкционирале 38 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-24, Кичево-11, Дебар-03).

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.К.(60) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена на 29.01.2024 година, на улицата „11 септември“, тој е затекнат како со возило „пасат“,  врши јавен превоз на патници, без лиценца за вршење на таква дејност, издадена од надлежен државен орган.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(57) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес извршен по судска наредба на 28.12.2023 во нејзиниот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 4100 пиротехнички средства.

На 24.03.2024 во 17.30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен поради нарушен јавен ред и мир со учество во тепачка ги лишиле од слобода Р.Ј.(32), А.Ј.(23), Б.Ј.(29), Б.У.(30), Е.У.(28), А.А.(24), Е.А.(22), И.А.(53) сите од Ресен и Ш.М.(23) и Б.С.(19) од Битола.

По документирање на настанот, ќе следуваат соодветни пријави.

На 24.03.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Д.И.(51) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2024 во 15.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, поради тоа што околу 13.40 часот во фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров се обиделе да одземат една метална демонтирана ограда, а при тоа еден од малолетниците со тврд предмет нападнал еден вработен во фабриката.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, Ј.К.(46) од Скопје пријавил дека на 23.03.2024 околу 23.00 часот неговиот малолетен син на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.С.(36) и Т.С.(34), двајцата од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Седумдесет и деветгодишниот гостиварец Т.С. вчера (24 март) во СВР Тетово пријавил дека на улица „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

Денеска (25.03.2024) во 10.00 часот во СВР Скопје, Ф.С.(31) од Скопје пријавил дека на 24.03.2024 околу 18.20 часот во домот на Е.Ѓ., на подрачјето на Драчево, бил физички нападнат од неа и Б.Д., а Е.Ѓ. употребила и стаклен предмет, а потоа не му дозволувале да го напушти местото и му се заканувале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (25.03.2024) во 02.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, Скопско, било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со косовски национални ознаки, сопственост на правно лице. Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.03.2024 во 09.00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.П.(42) од Скопје поради тоа што на 23.03.2024 на подрачјето на Карпош и упатувал закани на неговата 38-годишна сопруга и насилно влегол во продажно место каде работела, каде скршил дел од инвентарот, а потоа го одзел дневниот промет од касата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 15.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на фудбалски стадион на подрачјето на Кисела Вода за време на фудбалски натпревар, Б.Ц.(18) од с.Сопиште, Скопско, Б.П.(33), С.С.(33) и М.Ј.(33) сите од Скопје, кои биле играчи на фудбалски клуб од Скопје, физички го нападнале Х.Б.(21) од с.Луково, Струшко, кој бил играч на другиот фудбалски клуб од Скопје.

Тие се повикани во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

На 24.03.2024 во 22.10 часот во ОВР Крива Паланка од страна на дежурен лекар од Општа болница Крива Паланка било пријавено дека кај нив со повреди била донесена 43-годишна жена од Крива Паланка.

Според пријавеното, жената се здобила со повредите бидејќи била физички нападната од нејзиниот сопруг С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 25.03.2024 околу 4 часот, Б.Н.(30) од Прилеп во ОВР Прилеп пријавил дека било опожарено неговото патничко моторно возило „ренџ ровер" со прилепски регистарски ознаки, паркирано пред неговата куќа во Прилеп.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ј.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, против Д.К.(23), А.С.(23) двајцата од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење службено дејствије“, и против Д.М.(30) осомничен за кривично дело „помагање“.

На 08.01.2024 првопријавениот на плоштадот во Кратово, со остар предмет физички ги нападнал С.П.(22) и М.Д.(20). При приведувањето на првопријавениот, второпријавениот и третопријавениот физички ги нападнале полициските службеници, по што на местото на настанот пристигнал четвртопријавениот со патничко возило, во кое се качиле останатите пријавени. хс/

Фото: МИА архива 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан