• петок, 10 јануари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 9 јануари 2025 (МИА) - На 08.01.2025 во 18.30 часот на улица „Фазанерија“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Б.М.(21) и В.Б.(20), двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена марихуана и биле затекнати при користење марихуана на јавно место.

МВР денеска соопшти дека тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 08.01.2025 во 11.50 часот во Полициското одделение Чашка, А.Ј.(72) од село Крајници, велешко, пријавил дека покрај пат во атар на селото пронашол неексплодирана рачна бомба. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка го обезбедиле местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата.   

На 09.01.2025 во периодот од 02.50 до 04.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Галате спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Гостивар во атар на с.Зубовце, гостиварско, каде одговорно лице бил Р.Б.(50) од Гостивар. При контролата биле затекнати и приведени пет странски државјанки (три од Република Албанија една од Република Бугарија и една од Република Косово), кои го злоупотребиле туристички престој и престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

На 08.01.2025 во 15.00  часот во ОВР Крива Паланка, лекар од приватна здравствена установа во Крива Паланка пријавил дека кај нив со повреди бил донесен М.Ц.. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Се работи на расчистување на случајот.

На 08.01.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Р.Д.(31) од село Криволак, неготинско. Околу 21.30 часот во атар на село Пепелиште, неготинско, вработени во Шумска полиција Неготино затекнале три лица како во патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки товарат исечени дрва. Набргу, на местото пристигнал Р.Д. со уште три лица, кој се однесувал агресивно кон вработените во Шумска полиција и ги спречувал при извршување на службените задачи. Дрвата и возилото биле одземени, а Р.Д. бил задржан во  полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

На 08.01.2025 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04.01.2025 до 08.00 часот на 08.01.2025 со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул.„Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.01.2025 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.А.(48) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 08.01.2025 во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Сарај, скопско, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Н.(49) од с.Пласница и С.И.(22) од с.Грчец, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (09.01.2025) во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Катланово, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(48). Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје. 

На 08.01.2025 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, полициски службеници ја пронашле малолетничката С.А.(14) од Скопје, за која на 10.10.2024 нејзината мајка С.А.(44) пријави дека се оддалечила од домот.

На 08.01.2025 во 19.30 часот во Полициското одделение Сарај, А.Ф.(33) од с.Чајлане, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра Е.Ф.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 08.01.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, 45 - годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго скопско село, едно лице ги следело со возило и се самозадоволувало пред неговата малолетна ќерка и нејзина другарка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 08.01.2025 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник.   

На 08.01.2025 во 17.50 часот во Полициската станица Велес, С.Т.(70) од Велес пријавила дека на улица „Милан Војницалија“ во Велес била касната од куче. 

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против З.С.(54) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 07.12.2024 пред угостителски објект во Крушево, пријавениот физички го нападнал Т.К., по што настанала физичка пресметка помеѓу нив во која пријавениот употребил остар предмет и му нанел повреда на Т.К..

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З.(32) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.01.2025 во Гостивар, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „сеат“, а откако возачот не застанал и удрил во столб, пријавениот, кој бил совозач, го напуштил возилото и фрлил ќеса со марихуана, која била пронајдена. Исто така, при контрола во возилото била пронајдена и одземена марихуана. Од судија од претходна постапка при Основен суд Гостивар на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Љ.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 07.01.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со дрвен кундак и рамки без куршуми.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.А.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.01.2025 во село Долна Бањица, полициски службеници извршиле претрес на домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени две автоматски пушки, рамка, шаржер, поклопец за оружје, носач на затворач за оружје, дводелна пружина за оружје, магацин за повратни гасови и метален дел од пушка. Од судија од претходна постапка при Основен суд Гостивар на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан