• понеделник, 06 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - На 19.03.2024 околу 20:40 часот на улица „Киро Ристевски - Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 51-годишниот тетовец Н.Е, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 19.03.2024 околу 13:20 часот на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја привеле 23-годишната тетовка Б.Ј., која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Претходно, Б.Ј. била пријавена од 30-годишниот тетовец А.С. дека во неговата куќа на оваа улица извршила кражба и одзела повеќе предмети, кои подоцна биле пронајдени и му биле вратени. Б.Ј. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска (19 март), на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит. Триесетина од нив биле малолетници, кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле возачкиот испит. Во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

На 19.03.2023 од 8 до 13 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 19 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци (10 во Струга, 06 во Кичево, 03 во Дебар).

На 19.03.2024 во 17 часот во СВР Скопје, Ј.К. пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 03:40 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.03.2024 во 17.32 часот во СВР Скопје, З.П.(41) од Скопје пријавил дека пред спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.Ј.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.03.2024 во 22 часот во СВР Скопје, Ј.М.(60) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 18.25 часот во селото, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од И.Љ.(36) од село Сарај, кој потоа од огнено оружје испукал два куршуми кон него, но не го погодил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 19.03.2024 во 21:07 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(38) од Скопје пријавил дека околу 20:50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Р.Е.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.03.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(24) од село Трубарево, скопско, пријавила дека околу 16 часот во селото, по претходни недоразбирања, била физички нападната од К.Л.Д.(53) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 19.03.2024 во 10.40 часот, А.С.(24) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улица „11 Септември“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, Д.Н.(62) од Кичево пријавил дека на улицата „4 Јули“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 19.03.2024 во 13:40 часот во Полициската станица Велес, Р.Џ.(65) од село Бањица, општина Чашка, пријавил дека на улица „Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 19.03.2024 во 21 часот во ОВР Кавадарци, З.М.(38) од Кавадарци пријавил дека на крстосница од улиците „22 Декември“ и „Даме Груев“ во Кавадарци, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 19.03.2024 во 11.20 часот во СВР Тетово, Д.П.(61) од тетовска Брвеница пријавил дека на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

На 19.03.2024 во 21:45 часот во СВР Тетово, 36 - годишната тетовка Р.В. пријавила дека на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 16.01.2024, по претходни недоразбирања во сообраќајот со Б.Б.(33) од с.Брвеница, тетовско и Ј.К.(33) од с.Долно Седларце, тетовско, пријавениот со тврд предмет го нападнал Ј.К..

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ф(27) и А.Д.(30), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 31.12.2023 во Тетово, пријавените со тврди предмети го нападнале А.Ј. и му нанеле повреди.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 04.02.2024 во угостителски објект во Тетово, пријавениот физички го нападнал Д.Н.(37) и му нанел повреди.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ц.Ѓ.(64) од Скопје, референт за превоз по задолжение во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. Пријавениот издал службена исправа за превоз на огревно дрво во која навел дека се превезуваат помалку дрва иако знаел дека натоварената количина е поголема од наведеното во исправата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.К.(58), У.К.(45) и С.Х.(41), сите од село Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 09.02.2024, прво и второпријавениот биле поттикнати од третопријавениот лажно да пријават кривично дело „тешка кражба“ во нивната куќа, со цел да се обвини друго лице како сторител заради лична нетрпеливост.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.M.(27) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница’’. На 15.03.2024, пријавениот му помогнал на Е.Х.(40) од Република Албанија илегално да ја премине грчко - македонската граница. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ш.(42) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На  10.10.2023, полициски службеници извршиле контрола на возило, кое го управувал пријавенит, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.  

На 19.03.2024 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, А.И.(34) од Скопје пријавил дека на булевар Крсте Мисирков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.03.2024 во 17 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.Г.(47) од село Волково, скопско, пријавил дека на улица „Марк Твен“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 19.03.2024 во 15:10 часот во Полициската станица Чаир, К.Ј.(47) од Скопје пријавил дека во двор од основно училиште на подрачјето на Чаир неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан