• понеделник, 25 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 септември 2024 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.03.2024 во Македонска Каменица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

На 23.09.2024 во 02:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.М.(24) од село Батинци, а кое било паркирано пред неговата куќа. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот и неговиот татко. Увид бил извршен.

На 23.09.2024 во 02:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, настанал пожар во работна машина багер, сопственост на Д.А.(56) од село Батинци. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ш.(41) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 18.09.2024, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка и оштетил дел од покуќнината.  

На 22.09.2024 во 17:15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле М.М.(45), В.К.(42), двајцата од Скопје и И.Ј.(30) од Кавадарци, затоа што по завршување на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Кавадарци, тие и А.С. од Кавадарци, учествувале во физичка пресметка. По целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 15:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(26) од Скопје затоа што околу 15:40 часот пред фудбалски стадион на подрачјето на Чаир го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 21:30 часот во СВР Скопје, 78 - годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот син И.Б.(55), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 16:45 часот во СВР Скопје, 41 - годишен маж од Скопје пријавил дека околу 16 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 54 - годишна сестра од Скопје. Подоцна и таа пријавила дека била физички нападната од нејзиниот брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 17:37 часот во СВР Штип, од Казнено - поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 15:20 часот, осуденикот Ѓ.Д.(51) од тетовско Волковија бил физички нападнат од неколку осуденици. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 22.09.2024 во 22:45 часот во СВР Скопје, 39 - годишна жена од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер С.Н.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 12:50 часот во ОВР Гостивар, Ќ.Б.(58) од село Здуње, гостиварско, пријавил дека во селото бил каснат куче скитник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.З.(39), Е.З.(41), двајцата од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против М.П.(38) од Скопје, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со измама. Прво и второпријавените, во мај 2023, како вработени во пријавеното правно лице, ги довеле во заблуда оштетените дека ќе им бидат испорачани и доставени претходно платените пелети за греење, со што нанеле штета на вкупно 26 физички лица.

На 22.09.2024 во 23:50 часот во СВР Скопје, Ж.П.(49) од населба Илинден, скопско, пријавила дека околу 23:30 часот во населба Илинден, поради нарушени семејни односи, била физички нападната од Г.Д.(50) од истата населба. Додека пак, денеска (23.09.2024) во 00:40 часот во СВР Скопје, Г.Д.(50) пријавил дека околу 00:00 часот на паркинг место на подрачјето на населба Илинден бил физички нападнат од С.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Во СВР Штип било пријавено дека била пронајдена Б.Е.(28) од село Ерџелија, светиниколско, за која на 18.09.2024, нејзиниот сопруг Д.Е.(27) од село Ерџелија пријави дека се оддалечила од домот.

Денеска (23.09.2024) во 00:19 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправна установа Затвор Идризово Скопје било пријавено дека на 21.09.2024, осуденикот И.С.(47) од Скопје бил физички нападнат од неколку осуденици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.09.2024 во 18:10 часот во ОВР Гостивар, С.Б.(47) од Гостивар пријавила дека нејзината малолетна ќерка во Гостивар била касната од куче скитник.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.А.(62) од село Беловиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 17.07.2024 во Гостивар, пријавениот бил затекнат како управува такси возило без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на патници издадена од надлежен орган.

Денеска (23.09.2024) во 00:15 часот во СВР Скопје, Љ.В.(32) од село Света Петка, скопско, пријавил дека на 22.09.2024 околу 18.30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ф.М. кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.09.2024 во 08:05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 22.09.2024 во СВР Битола, А.Т.(36) од Битола пријавил дека кај Саат кулата во Битола бил каснат од куче скитник.

На 22.09.2024 во 00.25 часот во СВР Скопје, М.П.(56) од Скопје пријавил дека околу 22:40 часот во Градскиот парк, неколку лица одзеле електричен тротинет од неговиот малолетен внук. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.С.(67) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 17.07.2024 во Гостивар, пријавениот бил затекнат како управувал такси возило, без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз  на патници издадена од надлежен орган.

На 22.09.2024 во 14 часот во СВР Скопје, А.П.(74) од Република Србија пријавила дека околу 12:55 часот во Градскиот трговски центар во Скопје, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело паричникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 23.09.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје, Т.Ц. од Скопје пријавила дека на 22.09.2024 околу 20:10 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила од нејзиниот малолетен син одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 22.09.2024 во СВР Битола, Б.Т.(40) од Битола пријавил дека кај Саат кулата  во Битола бил каснат од куче скитник. ар/нд

Фото: МИА архива

Остани поврзан