• сабота, 04 јануари 2025

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 2 јануари 2025 (МИА) - На 1 јануари 2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Н.В.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.01.2025 во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Р.Е.(26) од с.Крушопек, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.01.2025 во 11 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го привеле А.М.(24) од  Кичево, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 01.01.2025 полициски службеници од СВР Битола на  ул. „Довлеџик” во Битола го лишиле  од слобода З.Б.(31) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 01.01.2025 во 19.40 чaсот во Полициската станица Гевгелија бил задржан Д.П.(25) од с.Вранештица, Кичевско, поради основано сомнение дека околу 12.00 часот во близина на границата со Грција, со патничко возило превезувал пет лица-мигранти од Кина. Д.П. бил лишен од слобода, а мигрантите биле пренесени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.  Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 


На 01.01.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.М.(32) од Р.Србија, поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок- непријавен престој во државата. Тој бил задржан во Полициска станица за понатамошна постапка.


На 01.01.2025 во 15.50 часот полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во МВР ги лишиле од слобода В.А.(54) од Демир Капија и 48-годишната А.Д. од Куманово. На бензинска пумпа во близина на село Каласлари, Велешко, при преглед во патничко возило „бмв“ со демиркаписки регистарски ознаки,  управувано од В.А., а сопатник била А.Д., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња брендирана облека, за кои не поседувале документација. В.А. и А.Д. биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 01.01.2025 во СВР Велес било пријавено дека околу 15.40 часот на регионалниот пат Р1102 Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Велес. 


На 01.01.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.В.(23) од Скопје, пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје била касната од куче скитник.


На 01.01.2024 во 19.40 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.М.(23) од Струмица, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Д.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, Скопско и А.О. (24) од с. Грчец, Скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство  од КПУ Затвор Скопје. Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ. Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа. мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан