• петок, 17 мај 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - На 06.05.2024 во периодот од 22.45 до 23.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска (07.05.2024) во 01.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.У.(26) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 06.05.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Д.(44) од Република Албанија, затоа што што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека вин бројот на патничкото возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу  патничко возило „шевролет“, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, Скопско, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, Скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.  

На  06.05.2024 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица,  на влез од с.Стар Караорман, Штипско,  патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

На 06.05.2024 во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35 – годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. 

На 06.05.2024 во 12.15 часот во  Полициската станица Гази Баба, Д.М.(25) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 06.05.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(54) од с.Трубарево, Скопско, пријавила дека во с.Трубарево, Скопско, била касната од куче скитник. 

На 06.05.2024 во 19.25 часот во Полициската станица Аеродром, С.В.(19) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан