• петок, 17 мај 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 мај 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Драчево денеска во 00:30 часот го лишиле од слобода Н.И.Ц.(46) од Република Бугарија затоа што на 06.05.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (07.05.2024) во 02.30 часот во СВР Скопје, К.Х.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, пријавила дека на 06.05.2024 во 23.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, поради претходно нетрпение, била физички нападната од Б.Н.А и Ч.С. од Република Турција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, Ш.Р.(52) од с.Кондово, Скопско, пријавил дека во с.Кондово бил физички нападнат од Џ.Љ. и Љ.Љ.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.05.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, Р.И.(33) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 06.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари била пронајдена С.С. (14) од с.Петровец, Скопско, за која на 04.05.2024 нејзиниот татко А.С.(47) пријавил дека се оддалечила од домот.   

На 06.05.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, 35 - годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.30 часот на работното место, во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Ц.(39) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 06.05.2024 во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на с.Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го пронашле Ј.Т.(38) од Скопје за кого на 30.04.2024 беше пријавено дека се оддалечил од здравствена установа на подрачјето на Карпош. 

На 06.05.2024 во 18.20 часот во Полициската станица Пробиштип, М.Т.(76) од Пробиштип пријавил дека во Пробиштип бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 
С

Остани поврзан