• недела, 14 јули 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - На 15/16.06.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. За време на контролата биле санкционирани 9 прекршоци. На 16.06.2024 била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа санкционирани биле 11 прекршоци од кои, 10 надвор од населено место и 1 во населено место. Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци.

На 17.06.2024 во 00.10 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода Е.М.(37) од Струмица. Тој се сомничи дека на 16.06.2024 околу 21.00 часот со тројца малолетници физички ги нападнале Е.И.(23) и неговата сопруга во нивниот дом, при што Е.М. со остар предмет му нанел повреда на Е.И.. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.06.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Р.К.(75) од с.Стајковци, Скопско, пријавила дека околу 09.00 часот во нејзиниот имот паднало заталкано зрно од оружје и оштетило ќерамида. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.06.2024 околу 22.10 часот во с.Варвара, општина Сопиште, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А(26) од с.Малчиште, општина Студеничани. Околу 20.00 часот на патот кон Марков манастир тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возило „фолксваген венто“ без регистарски ознаки се обидел да удри полициски службеник, а по преземени мерки тој бил пронајден и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.06.2024 во 18.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир ги привеле С.А.(45) и Д.А.(43), двајцата од Скопје, затоа што во нас.Радишани го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.06.2024) во 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Л.Р.Ј.(23) од Скопје затоа што во нас.Драчево агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.06.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(35) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот пред угостителски објкет на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 17.06.2024 во 11.40 часот во ОВР Кичево, М.П.(38) од селото Велмевци, општина Демир Хисар, пријавила дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник.   

На 16.06.2024 во 11.50 часот во СВР Велес, Ј.К (48) од Република Србија пријавила дека на ул.„8 Март“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 16.06.2024 во 12.30 часот во СВР Велес, И.К.(35) пријавил дека во Велес бил каснат од куче скитник.

На 16.06.2024 во 23.00 часот во СВР Велес, Ш.А.(41) од с.Долно Јаболчиште, општина Чашка, пријавила дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Одделението за внатрешни Прилеп поднесе кривична пријава против И.Џ.(26) и Б.М.(28), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 03.12.2023, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавените, при што кај второпријавениот пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од првопријавениот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Л.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и метамфетамин.  мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан