МВР-билтен (ДПЛ)
- На 08.08.2024 во 14:00 часот во Охрид полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Скопје, 9 август 2024 (МИА) - На 08.08.2024 во 14:00 часот во Охрид полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.08.2024 во 14.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Б.А. во Неготино, при што билe пронајдени пиштол и куршуми, за кои не поседувала дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 23.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(18) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 20.20 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода Д.Г.(23) и Л.Г.(20), двајцата од Скопје. При преглед кај нив, Л.Г. фрлил пакување со марихуана, која е одземена. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.08.2024 во 23.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(69) од Гостивар поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Претходно, во 17.30 часот тој бил пријавен од 34-годишник од Гостиварско дека М.Д., заедно со Ф.М., на таткото на пријавителот во 2010 година на заем му дале поголема сума на пари, а потоа го принудиле да плати двојно поголем износ. Откако пријавителот го расчистил и платил долгот на неговиот татко, М.Д. и Ф.М. побарале уште пари за камата и му се заканувале. М.Д. е задржан во полициска станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (09.08.2024) во 00.10 часот во пехчевско село, полициски службеници од Полициската канцеларија Пехчево го лишиле од слобода М.Д.(43) од истото село, постапувајќи по пријава дека на 08.08.2024 во семејниот дом физички ги нападнал својата 46-годишна сопруга и нивниот малолетен син, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево ги привеле В.В.(49) и Ц.П.(39) двајцата од с.Пекљани, Виничко, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 14.43 чaсот во Полициската станица Македонска Каменица било пријавено дека во с. Дулица, општина Македонска Каменица, настанал пожар на нискостеблеста и борова шума, кој се проширил и зафатил помошни простории од куќа, сопственост на Ј. А. и Г.А.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, а повредени лица нема.
На 08.08.2024 во 22.30 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Карпош при СВР Скопје ги лишиле до слобода Б.С.(32) и Б.С.(22), двајцата од Скопје, додека на 09.08.2024 во 02.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(29) од Скопје. Тие се сомничат дека на 08.08.2024 околу 21.30 часот пред казино во Скопје учествувале во физичка пресметка во која со остар предмет бил повреден А.Г.(33) од Скопје. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Тројцата лишени од слобода биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна пријава.
На 08.08.2024 во 22.51 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Поликлиниката Чаир со повреда бил донесен А.Д.(29) од Скопје. Според пријавеното, тој бил повреден од заталкано зрно од огнено оружје во фудбалски терен – балон на подрачјето на Чаир. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го подигнале зрното за понатамошна постапка, а на покривот од балонот било забележено оштетување од зрното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „мерцедес а“ со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило „хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.08.2024) во 00.45 часот во СВР Скопје, Б.К.(34) од Скопје пријавил дека на 08.08.2024 во 19.00 часот во станбена зграда на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.08.2024) во 01.30 часот во СВР Скопје, Х.О.(45) од Скопје пријавила дека на 08.08.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.08.2024 во 21.43 часот во СВР Штип, С.Ф.(36) од Штип пријавила дека околу 21.20 часот во Штип, таа и Б.Ф. биле физички нападнати од И.Д. и К.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.08.2024 во 12.40 часот во СВР Скопје, Д.Е.(34) од село Семениште, општина Сарај, пријавил дека околу 12.10 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, бил физички нападнат од Д.Г., кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.И.(28) од с.Полето, Делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик. На 19.02.2024, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени три различни монети за кои по извршено вештачење и стручна идентификација било утврдено дека претставуваат културно наследство утврдено во Националната класификација на движно културно наследство. Во домот биле пронајдени и куршуми со различен калибар, кои ги поседувал без дозвола.
На 08.08.2024 во 09.34 часот во СВР Скопје, Л.Г.(89) од Скопје пријавил дека околу 09.15 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.08.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Кочани, З.М.(46) од Кочани пријавил дека на 04.08.2024 околу 00.30 часот во казино во Кочани бил физички нападнат од П.И., кој му упатил и закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 21.20 часот во СВР Скопје, Б.А.(20) од село Батинци, општина Студеничани, пријавил дека околу 20.20 часот во селото, Н.Н. го нападнал со тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 14.35 часот во Полициската станица Берово, Љ.К.(54) од с.Митрашинци, Беровско, пријавил дека околу 13.00 часот во Берово бил физички нападнат од лице од Беровско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.08.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, Ф.Ш.(38) од Скопје, сопственик на фирма, пријавил дека двајца негови вработени од Бангладеш на возраст од 35 и 29 години се оддалечиле од местото од каде што престојувале на подрачјето на Чаир во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 08.08.2024 во 08.40 часот во ОВР Прилеп, А.П.(79) од Прилеп пријавил дека во населба Точила во Прилеп бил каснат од куче скитник.
На 08.08.2024 во 10.50 часот во ОВР Прилеп, И.М.(76) од Прилеп пријавила дека на ул.„Димче Антулески“ во Прилеп била касната од куче скитник.
На 08.08.2024 во 16.50 часот во ОВР Прилеп, И.Б.(45) од с.Житоше, општина Долнени, пријавил дека на ул.„Климент Охридски“ во Прилеп бил каснат од куче скитник.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 12.12.2023 во с.Марино, Скопско, пријавениот физички го нападнал Д.Т. (36) од Скопје, при што употребил тврд предмет и му нанел тешка телесна повреда.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М.(37) од Битола, со престој во Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. На 24.05.2024 во Прилеп, пријавената влегла во домот на едно лице, при што со употреба на сила одзела личен накит.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Ф.(20) од с.Форино, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 29.05.2024 во с.Форино, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.А.(54) од с.Дебреше, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.07.2024 пред угостителски објект во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Н.Ѓ.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со истото дело. На 01.08.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Додека, второпријавената му помагала на С.Ј. и кај себе чувала марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.06.2023, полициски службеници кај пријавениот пронашле и одзеле хероин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Л. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што биле пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Б. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.08.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел“, управувано од пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.О.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.07.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.03.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Т.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.07.2024 во Скопје, пријавениот откако забележал полициски службеници, фрлил марихуана, која потоа била пронајдена и одземена.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.01.2024 во полуотвореното одделение во Казнено - поправна установа Идризово, затворските полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(21) од с.Мокрино, Струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и ,,овозможување на употреба наркотични дроги’’. На 14.04.2024 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило ,,опел астра’’, управувано од пријавениот, а во кое било уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Л.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навелгување во компјутерски систем“. Во периодот од јануари 2023 до 09.05.2024, пријавената од картичка на туѓо име, подигнала парични средства од банкомати на банка на повеќе локации, со што се стекнала со противправна имотна корист од 200.000 денари. мд/
Фото: МИА архива