• сабота, 16 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 5 август 2022 (МИА) - Вчера во 20:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(29) од Куманово. Тој бил осуден на казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со судска наредба за доиздржување казна затвор од 9 месеци и 26 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К'шање за доиздржување на казната.ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.З.(48) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела на улица „Маркс Енгелсова“ во Струга, бесправно започнал да гради објект за домување, спротивно на основниот градежен проект. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ги отстрани неправилностите на изградениот објект.На 04.08.2022 во 11:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булевар „Јане Сандански“ во Охрид, М.П.(59) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, М.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид.На 04.08.2022 во 13:10 часот во Полициската станица Гостивар, 63-годишник од Охрид пријавил дека на 03.08.2022 бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари. Според пријавеното, лицето телефонски се претставило како менаџер во угостителски објект во тетовско и му порачало угостителска опрема и побарало од него на влез во Гостивар да се сретне со друго лице, да земе дел за комбајн и да му го плати, а парите ќе му ги даде кога ќе се видат во Тетово. Исто така, според пријавата, откако ги дал парите го барал лицето но не можел да го добие по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 04.08.2022 околу 05 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај место викано „Бел Мост“, атар на селото Волино, општина Дебрца, Е.Ф.(21) од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.О.(24), со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.На 04.08.2022 во 21:10 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во приватна здравствена установа во село Велешта, струшко, со повреди бил донесен малолетник од село Лабуништа, струшко. Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.На 04.08.2022 околу 11 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локален пат за село Пчиња, улица „Косовски бригади“ и крак од улица „Тоде Думба“ патничко возило удрило во пешакот Н.А.(82) од Куманово и го напуштило местото. Во несреќата, Н.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и за настанот бил известен Јавен обвинител.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С. од Скопје, полициски службеник во полициска станица при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. На 26.07.2022, при вршење службени дејствија на автопатот Скопје – Миладиновци, при контрола на патничко возило пријавениот побарал и примил 2.000 денари од лице за да не изготви записник и прекршочен платен налог за сторен и констатиран сообраќаен прекршок. После тоа, оштетеното лице го пријавило случајот во полициска станица, а по преземени мерки било утврдено дека пријавениот го сторил делото и му е поднесена кривична пријава. Воедно, од Одделот за внатрешна контрола поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување дисциплинска одговорност и предлог за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.    На 04.08.2022 во 23:04 часот во Полициската станица Центар, Д.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 22 часот на улица „Димитрие Чуповски“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Г.(41) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, „овозможување на употреба на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.03.2021, полициски службеници од ОВР Виница извршиле претрес во домот каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, неколку куршуми од различен калибар, испукана чаура и други предмети со остатоци од марихуана. Исто така, по извршена анализа кај пријавениот и неговиот брат било детектирано присуство на компонента што ја содржи растението канабис.На 04.08.2022 околу 22 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Џ.Х.(37) од Скопје пријавил дека на подрачје на Шуто Оризари бил физички нападнат од J.А.(40) и Р.А.(69), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавената, во својство на инвеститор, на парцела во државна сопственост, која воедно била прогласена за споменик на природата, без соодветно одобрение започнала со истурање на земја и рамнење.На 05.08.2022 околу 02:35 часот во СВР Куманово, С.А.(34) од село Романовце, кумановско, пријавил дека околу 02:10 часот во дворот од неговиот дом во селото две лица му се заканиле со пиштол. Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 02.08.2022 во 00:40 часот во Полициската станица Драчево, А.М.(48) од Скопје пријавила дека на 01.08.2022 околу 23:40 часот на подрачје на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.  На 05.08.2022 во 01:40 часот на самата крстосница помеѓу село Радуша и село Свиларе, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје. По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од село Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 04.08.2022 во 10:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на улица „Георги Поп Хрстов“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 04.08.2022 околу 12:40 часот во Полициската станица Чаир, К.Р.(35) од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот во една соба во нејзината куќа пронашла залутано зрно, кое го оштетило кровот и плафонот. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.свс/

Остани поврзан