• петок, 22 ноември 2024

Мбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило

Мбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило

Мадрид, 7 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе изрази незадоволство од неговата позиција на теренот, пренесе шпански „Спорт“.

Според изворот, Французинот не сака да игра во врвот на нападот. Напаѓачот е уверен дека би бил покорисен доколку се користи на крилната позиција.

По поразот од Барселона (0:4) во шпанското првенство, стручниот штаб на „белиот балет“ беше незадоволен од настапот на Мбапе во одбраната.

Мбапе игра за Реал од летото 2024. Сезонава 25-годишниот напаѓач има 8 гола и 2 асистенции на 15 натпревари во сите натпреварувања. дс

Фото: Архива

Остани поврзан