Мања: Го зголемуваме бројот на амнестирани осуденици
- - Земајќи ги во предвид препораките од Специјалното обвинителство и специјалниот суд против организиран криминал и корупција и државното јавно обвинителство, за поцелосна амнестија, со истата ќе бидат опфатени 620 осуденици, наведува Мања.
Тирана, 30 ноември 2023 (МИА) - Министерот за правда Улси Мања попладнево информираше дека на премиерот Еди Рама му го доставил финалниот текст од Предлог-законот за амнестија.
Во објавата наведува дека бројот на оние кои ќе бидат опфатени ќе биде за стотина поголем од претходно најавеното.
- Земајќи ги во предвид препораките од Специјалното обвинителство и специјалниот суд против организиран криминал и корупција и државното јавно обвинителство, за поцелосна амнестија, со истата ќе бидат опфатени 620 осуденици, наведува Мања.
Како што е најавено се запира кривичното гонење за најголем дел од кривичните прекршоци за кои е предвидена казна затвор до две години.
Од амнестијата се исклучени лицата кои издржуваат казни за семејно насилство, организиран криминал, трговија со голема количества дрога, злоупотреба на службената положба и корупција. вт/сд/
Фото: Мања Фб