• понеделник, 23 декември 2024

Матичната собраниска комисија ги поддржа измените на законот за внатрешни работи и за полиција

Матичната собраниска комисија ги поддржа измените на законот за внатрешни работи и за полиција
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната 29 седница ги поддржа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и  на Законот за полиција, во второ читање. Како што информира за МИА, претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Миле Талевски, со предложените измени се врши ревидирање на конкретни одредби кои се однесуваат на препораките за Министерството за внатрешни работи, а кои произлегуваат од Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија - Петти круг на тема „Спречување на корупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“. -Со усвоените амандмани обезбедуваме ефикасност и континуитет во борбата против корупција и следење на податоците во оваа област во сите поединечни случаи, како и за вработените во Министерството за внатрешни работи, посочува Талевски.вг/цр/

Остани поврзан