Матеус: Геце треба да ги намали побарувањата за плата, не го сметам за топ-напаѓач
- Поранешниот играч од средниот ред на германската репрезентација Лотар Матеус го сподели своето мислење за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Геце, кој не сака да го обнови св
Минхен, 21 март 2020 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на германската репрезентација Лотар Матеус го сподели своето мислење за играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Геце, кој не сака да го обнови својот договор со клубот, поради ниската плата.
- Не можам да замислам дека тој отиде во врвен клуб. Марио постигна многу, тој ни донесе победа на Светското првенство 2014 година. Играше одлично за Борусија и понекогаш блескаше во Баерн. Но, треба да поставите прашање: каде е сега таков играч на фудбалскиот пазар?
Геце треба да ги намали барањата не само во однос на изборот на клуб, туку и во однос на платата, изјави Матеус.
Дваесет и седумгодишниот Геце сениорската професионална кариера ја почна 2009 година во Борусија Дортмунд. Во 2013 направи трансфер во Баерн Минхен, а од 2016 повторно е член на Борусија. зс/