• вторник, 10 март 2026

Масовни маршеви во Иран во поддршка на новиот врховен водач

Масовни маршеви во Иран во поддршка на новиот врховен водач

Техеран, 10 март 2026 (МИА) - Стотици илјади Иранци учествуваа во организирани маршеви синоќа за да го одбележат изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на земјата по смртта на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, објавија иранските државни медиуми.

Учесниците во маршевите се заколнаа на верност кон новиот водач и покрај заканата од напади од САД и Израел.

Државната телевизија покажа луѓе и автомобили како го мавтаат иранското знаме. Демонстрантите ветија дека ќе го продолжат сегашниот конфликт со САД и Израел „до конечна победа“.

56-годишниот нов врховен водач беше назначен да го наследи својот татко како духовен и политички водач доцна во неделата навечер - десет дена по смртта на Хамнеи, кој беше убиен во израелски воздушен напад. мс/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан