• петок, 22 ноември 2024

Масовен предизборен митинг на Трамп во Њу Џерси, тешки зборови за Бајден

Масовен предизборен митинг на Трамп во Њу Џерси, тешки зборови за Бајден

Вајлдвуд, 12 мај 2024 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа одржа митинг во одморалиштето Вајлдвуд на брегот на Њу Џерси, каде го обвини претседателот Џозеф Бајден за кривичните обвиненија со кои се соочува пред претседателските избори во ноември, велејќи дека постапката што се води во Њујорк против него е „Бајденов судски процес“.

На митинг пред неколку десетици илјади луѓе, Трамп го окарактеризира Бајден како „тотален морон“, а правните постапки против него како политички мотивирани и темпирани да му наштетат на неговата способност да води кампања, пренесуваат американските медиуми.

-Тој е будала. Тој не е паметен човек. Сега зборувам за него поинаку, бидејќи ракавиците се симнати, рече Трамп за Бајден. Според тимот на Трамп, поранешниот претседател привлече „огромна толпа“ на собирот вчеравечер во Вилдвуд, околу 150 милји јужно од Њујорк.

Лиза Фаган, портпаролка на градот Вајлдвуд, проценува дека на митингот присуствувале меѓу 80.000 и 100.000 луѓе. На Трамп на сцената му се придружија, меѓу другите, гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум и легендарниот НФЛ играч, Лоренс Тејлор, регистриран сексуален престапник.

Митингот на плажата Вајлдвуд, опишан од конгресменот Џеф Ван Дру, Р-Њу Џерси, како најголем политички собир во историјата на државата, беше дизајниран како демонстрација на сила во клучно време за Трамп, кој се соочува со десетици обвинети за сериозни злосторства во четири одделни судски постапки, наведуваат американските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан