• вторник, 16 декември 2025

Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп

Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп

Вашингтон, 29 мај 2025 (МИА) – Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци.

- Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X.

Тръмп заяви, че новото Министерство на правителствената ефективност ще открие злоупотреби за милиарди долари в Пентагона

Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај. Владата на САД посочи дека напорите на DOGE за реструктуирање и намалување на владините трошоци ќе продолжат.

- Мисијата на DOGE само ќе се зајакне со текот на времето, откако ќе стане начин на работа за владата, напиша Маск.

Службеник на Белата куќа ја потврди информацијата за заминувањето на Маск и рече дека „неговото повлекување ќе почне денеска“. јт/

Остани поврзан