• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Марк Руте во дводневна посета на Јапонија 

Марк Руте во дводневна посета на Јапонија 

Брисел, 8 април 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска и утре ќе престојува во посета на Јапонија, каде ќе има средби со претставници на јапонската Влада и на бизнис секторот. 

Како што соопшти Прес-службата на НАТО, Руте денеска ќе се сретне со јапонскиот министер за одбрана Ген Накатани и ќе ги посети поморската воена база во Јокосука и погон на корпорацијата „Мицубиши Електрик“. 

Утре е предвидено Руте да има средби со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и со министерот за економија, трговија и индустрија, Јоџи Муто. 

Покрај ова, Руте ќе се сретне и со членови на Парламентот на Јапонија и со претставници на јапонската индустрија. 

Предвидено е Руте да им обраќање на Универзитетот „Кејо“ во Токио на тема „НАТО и Јапонија – Силни партнерства во меѓусебно поврзан свет“. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан