• петок, 05 јули 2024

Марина Димовска го помина комисискиот филтер за генерален секретар на Собранието

Марина Димовска го помина комисискиот филтер за генерален секретар на Собранието

Скопје, 4 јули м2024 (МИА) – Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска дадоа поддршка Марина Димовска да биде избрана за генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

Димовска е дипломиран политиколог и магистер на економски науки од областа на меѓународна економија. Таа работи во Собранието од 2009 година.

За заменик генерален секретар на Собранието е предложен Никола Ѓошевски, кој е дипломиран правник и магистер по корпоративното право. 

Предлозите Димовска и Ѓошевски треба да бидат изгласани на наредна седница на Собранието.

Во рамки на оваа седница на Комисијата беа утврдени и Предлог-одлуките за членови на делегациите на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, во Интерпарламентарната унија, во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива,во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација.... 

На дневен ред на оваа седница се и барањата за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада на Република Северна Македонија. фф/бак/

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан