• петок, 22 ноември 2024

Мареј ќе се пензионира по Олимпијадата во Париз

Мареј ќе се пензионира по Олимпијадата во Париз

Париз, 23 јули 2024 (МИА) - Британецот Енди Мареј објави дека ќе се пензионира по тенискиот турнир на Олимписките игри 2024 година во Париз.

-Пристигнав во Париз на мојот последен тениски турнир. Натпреварувањето за Велика Британија беше убедливо најнезаборавното во мојата кариера. Многу сум горд што го правам ова за последен пат, напиша 37-годишниот Мареј на социјалните мрежи.

Тој е единствениот двократен олимписки шампион во машка сингл во историјата. 

Мареј исто така двапати го освои Вимблдон (2013, 2016) и еднаш УС Опен (2012). Вкупно има 46 титули на АТП турнирите.

Тенискиот турнир на Олимпијадата 2024 година во Париз ќе се одржи од 27 јули до 4 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан